Цената повисока од година во година: Еве колку чини реклама на Супербоулот

Мајами

Оваа недела е специјална во САД, бидејќи се игра популарното финале на НФЛ лигата, Супербоулот.

Во финалната пресметка за титулата ќе се борат Канзас Сити и Сан Франциско. Натпреварот ќе биде одлична можност за реклама на големите компании, кои низ годините се прославиле за време на кратките паузи во текот на долгоочекуваниот меч.

Откриени се сумите кои се плаќани реклами оваа година. Се работи за сума од 5,6 милиони долари, што е за 400.000 повеќе од минатата година.

Сума која сигурно ќе им се исплати на сите оние кои ќе ја платат, со оглед на големото внимание кое го привлекува финалето на најпопуларниот спорт во САД.