ФОТО: Бушар и момчето кое ја „ќари“ преку облог заедно навиваа за Патриотс

Приказната за тенисерката Гени Бушар и момчето кое лани ја „ќари“ преубавата девојка преку облог стана хит, но и една година подоцна, тие се уште се дружат и заедно го следеа овогодинешното финале на Супербоулот на кој овој пат не победи нивниот фаворит.

Џон Гоерке, 20-годишното момче кое студира маркетинг за време на ланското финале од Супербоулот во февруари ѝ коментираше на статусот на Бушар дека Њу Ингланд Патриотс ќе победат, иако губеа од Атланта Фалконс со 3-21 и ѝ понуди да одат на состанок ако неговата прогноза на крајот е точна. 

Таа му одговори дека ќе оди на состанок со него ако тоа се случи, а среќата го посака младиот Американец затоа што падна најлудиот пресврт во историјата на Супербоул финалињата.

Двајцата се дружат и денес, а го следеа финалето меѓу Њу Ингланд Патриотс и Филаделфија. Навиваа за Њу Ингланд, но нивниот фаворит не победи.