• Сашо Поповски

Том Брејди запиша еден тачдаун, но со пораз ја започна кариерата во Тампа Беј. Легендарниот квотербек си замина од Њу Ингланд по 20 години и ќе се обиде да стигне до седми шампионски прстен во новата екипа.
Искусниот Брејди направи неколку грешки со кои му помогна на Њу Орлеанс да запише прва победа во новата сезона (34-23). Тој заврши со 239 префрлени јарди, додека неговиот ривал на спротивната страна Дру Брис оствари 160 јарди.
Неговата замена во Њу Ингланд, Кем Њутон, истрча до два тачдауни и донесе триумф над Мајами (21-11).
Резултати од останатите натпревари:
- Атланта - Сиетл 25-38
- Балтимор - Кливленд 38-6
- Бафало - Њујорк Џетс 27-17
- Каролина - Лас Вегас 30-34
- Детроит - Чикаго 23-27
- Џексонвил - Индијанаполис 27-20
- Минесота - Грин Беј 34-43
- Њу Ингланд - Мајами 21-11
- Вашингтон - Филаделфија 27-17
- Синсинати - Лос Анџелес Чарџерс 13-16
- Њу Орлеанс - Тампа Беј 34-23
- Сан Франциско - Аризона 20-24
- Лос Анџелес Ремс - Далас 20-17