Брејди не се откажува: Не знам што ќе правам ако се пензионирам, ќе ме гледате и во иднина

Најдобриот играч на Њу Ингланд, Том Брејди пред извесен период изјави дека размислува на пензија, но сепак, по вчерашниот неочекуван пораз од Филаделфија во финалето на НФЛ лигата, истакна дека и во иднина љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во неговата игра. 

41-годишниот Брејди зад себе остави фантастична сезона, а потврда за тоа беше третото признание најкорисен играч на лигата.

„Да, ќе ме гледате на терените и во наредните години. Не можам да замислам што би правел без овој спорт. Поразот сè уште е свеж, но не гледам причина зошто би се повлекол“, изјави Брејди, кој мечот го заврши со три тачдауни, но и со една загубена топка во финишот. 

За легендарниот квотербек овој настап беше негов осми на Супербоул, а воедно и трет пораз.