Брејди ќе работи како аналитичар за повисока плата од заработката во кариерата

Најдобриот рагби играч на сите времиња, Том Брејди сè уште не е спремен за пензија, па се врати во тимот на Тампа Беј Баканирс и за следната сезона. 

Сепак, големата НФЛ ѕвезда договори што ќе работи и во десетте години откако навистина ќе го напушти спортот кој го сака. Брејди се договори со „Фокс Спортс“, за кој ќе работи како стручен консултант и аналитичар, а за тоа ќе заработи неверојатни 375 милиони долари. 

Интересно е што за својата 22-годишна кариера, Брејди досега заработи сума од 333 милиони, па во десетте години во „Фокс“ ќе се збогати двојно повеќе. 

Досега најплатен аналитичар беше Тони Ромо, поранешниот квотербек на Далас Каубојс кој има договор од 180 милиони долари.