Том Брејди е „челичен“: Тампа Беј доминантно го освои Супербоулот!

Екипата на Тампа Беј Баканирс дојде до титула во 55. финале на Супербоул, совладувајќи го тимот на Канзас Сити Чифс (31-9) и вторпат во историјата го освоија Ломбардиевиот трофеј.

Канзас Сити на овој дуел влезе како фаворит, ама не можеше ништо против разиграниот Тампа Беј предводен од „вечниот“ квортербек Том Брејди. Тампа Беј овој дуел го одигра без никаква грешка, како во нападот, така и во одбраната, додека Чифси беа бледа сенка на екипата која играше фантастично во НФЛ во изминатите три сезони.

Дуелот и победникот се реши во втората четвртина, кога членовите на Канзас Сити со брзоплети грешки му подарија 11 поени на противникот, па така, Тампа Беј на Брејди се одлепи на 21-6, резултат кој се покажа како кобен на овој меч.

Тампа Беј Баканирс со победата над актуелниот првак дојде до титула по пауза од 2003 година. За 43-годишниот Том Брејди ова беше десетти Супербоул настап во кариерата, а го освои седмиот шампионски прстен, што е најмногу од сите играчи во историјата на НФЛ.