• Саше Љолес
Најголемиот шпански стадион, „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, беше домаќин на натпревар од американската НФЛ лига, каде се сретнаа екипите на Мајами Долфинс и Вашингтон Командерс.
Стадионот на Реал Мадрид беше претесен за да ги собере сите љубители на овој спорт, а актерите на теренот им приредија вистинско задоволство.
Натпреварот заврши во корист на екипата на Мајами, која победи со 16-13 во историската средба одиграна во шпанската престолнина. Ова беше прв дуел на НФЛ екипи на овој спортски храм во срцето на Шпанија.
Според информациите од неколку медиуми,на „Бернабеу“ имало вкупно 78.610 гледачи, што ја оправдува идејата за одигрување вакви мечеви на европско тло.