ВИДЕО: Алвин Камара израмни вековен рекорд во НФЛ лигата

Божиќната понуда во НФЛ лигата вечно ќе се памети, бидејќи е соборен скоро па вековен рекорд. Имено, играчот на Њу Орлеанс, Алвин Камара, испиша историја во НФЛ лигата, израмнувајќи рекорд стар 91 година.

25-годишниот Камара запиша шест „тачдауни“ во триумфот на Њу Орлеанс над Минесота (52-33), што досега единствено му успеа на Ерни Ниверс, во 1929 година.

  • Израмнувањето на рекордот на Алвин Камара: 

Њу Орлеанс со победата и скор од 11-4 ја обезбеди титулата во јужната НФЦ дивизија.