ВИДЕО: 18-годишен рагби играч заработи суспензија од 10 ГОДИНИ поради шокантен напад врз судијата

Рагби

Несекојдневен инцидент се случи во Австралија на рагби мечот помеѓу Маитланд и Њукасл Вондерерс. 

Публиката и играчите беа во неверица по шокантниот испад на младиот 18-годишен член на Маитланд, Марк Меафуа, кој немилосрдно го нападна судијата, откако не му се допадна неговата одлука.

Австралиската рагби асоцијација го осуди овој потег како „неприфатливо однесување“ и му додели на младиот Меафуа десетгодишна суспензија.