Во САД владее вистинска еуфорија откако легендата на американскиот фудбал, Том Брејди, објави дека се враќа од пензија и планира да заигра повторно, но овојпат во нова дисциплина. Наместо во НФЛ, каде што ја изгради својата импресивна кариера со седум освоени Супербоул титули, Брејди ќе се натпреварува во флег фудбал, спорт кој за првпат ќе биде дел од Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година.