Промовирање на спортските вредности во земјава и во регионот

Витаминка го помага спортот и спортските активности и во другите држави. Прилепската компанија годинава по третпат го поддржа Витаминка golf open tournament, со што стана традиција овој турнир во голф наречен по генералниот спонзор, да се одржува и да ги собере на едно место приближно 40 голфери, многубројна публика и љубителите на голфот од цела Хрватска.

Турнирот се одржа на прекрасните терени на Голф центарот Нови двори во Запрешиќ, во близина на Загреб, а беше во организација на Голф клубот Бан Јелачиќ. Настанот што привлече големо внимание, беше искористен и за промоција и дегустација на производите на Витаминка на овој еден од најзначајните странски пазари.

Витаминка, покрај развојот на своите деловни односи и операции на странските пазари, паралелно со иста толкава енергија се труди да ги развива и партнерските односно, односите со потрошувачите и со заедниците на тие пазари. На овој начин, компанијата преку своето учеството и поддршката во организацијата на спортски, културни, забавни и хуманитарни настани враќа и вложува во потесната и поширока заедница.

Комерцијален текст