ФОТО: Претставена новата колекција часовници Omega пред македонската публика

Во интимна атмосфера, во претседателскиот апартман во хотел Мериот, каква што му доликува на брендот Omega, компанијата „Божиновски часовници и накит“ ја претстави најновата колекција на часовници пред македонската публика.

Врвните познавачи на часовничарството, како и  пасионираните колекционери на часовници во земјава, имаа можност одблиску да се запознаат со новата линија на часовници на брендот од веќе познатите колекции „Constellation“, „Speedmaster“, „Seamaster“  како и „De Ville“.

„Што може да се каже за најновата линија на Omega, освен дека и оваа година го заслужи епитетот на врвен часовничарски бренд, кој плени со својата авангардност и инвентивност. Omega e бренд кој никогаш не ги следи, туку ги диктира трендовите во индустријата, бренд кој точно ја знае границата како да биде модерен и уникатен, без да ја загрози својата препознатлива класична нота, задржувајќи го приматот безверменски лидер повеќе од сто години“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Од компанијата најавија дека токму Omega како бренд е нивната најголема инспирација постојано да бидат инвентивни и да бидат лидери, а не следбеници во часовничарската индустрија на македонскиот пазар. Во тој дух е и веќе воспоставената традиција секоја година сите најнови колекции на брендовите кои ги застапуваат во Македонија да бидат претставувани во исто време како и низ целиот свет.

Видео

Погледнете ја фотогалеријата за да доловите дел од атмосферата од настанот.