Тројца пливачи ќе ја претставуваат Македонија на Светското младинско првенство во Романија

Тројца македонски пливачи ќе настапат на најголемата сцена во младинска категорија - Светското првенство кое ќе се одржи во романскиот град, Отопени. 

Никола Ѓуретановиќ ќе се натпреварува во дисициплините на 400, 800 и 1500 метри слободен стил, а Петар Цеков ќе плива на 800 и 1500 метри слободно, како и на 400 метри мешано. 

Софија Дамјанова ќе настапи на 50 и 100 метри делфин и ќе биде единствената пливачка во женска конкуренција што ќе ја претставува нашата држава. 

Сите пливачи доаѓаат од ист клуб - ПК Вардар 2018, кои работат под „палката“ на тренерот Горан Стаменов. Сите тројца ја имаат исполнето строгата норма за настап на овој огромен спортски настан. 

Свеченото отворање на првентвото ќе се одржи утре попладне. Прв пливач кој ќе настапи ќе биде Никола Ѓуретановиќ.