Тинејџерска доминација во петтиот ден од Светското првенство во пливање

Тинејџерите Самер Мекинтош и Дејвид Поповичи го одбележаа петтиот ден од Светското првенство во пливање кое што се одржува во „Дунав Арена“ во Будимпешта.

Во финалето на трката на 100 слободно, Поповичи стигна до златниот медал. Младиот 18-годишен Романец се бореше до последниот сантиметар со Французинот Грусе и Канаѓанецот Лиенд. На крај славеше со 47,58, шест стотинки пред Грусе и 13 пред Лиенд. 

Во 200 метри делфин блесна Самер Мекинтош. Чудото од дете од Канада, по освоеното сребро на 400 слободно, за првпат стана светска шампионка на неполни 16 години. Таа го собори светскиот јуниорски рекорд со 2:05.20 и зад себе ги остави Американката Хали Фликер и Џанг од Кина.

Доминацијата на младиот гард ја потврди и Леон Маршан. Французинот, кој на 17 мај наполни 20 години, по триумфот во 400 мешано, славеше и на полукратка делница во микс со време 1:55.22. Втор време имаше Фостер од Сoединетите Американски Држави (1:55.71), а трет заврши јапонскиот ветеран Даја Сето (1:56.22).

Кајли Мас не го одбрани златото на 100 грбно, но за првпат стана светска шампионка на 50 метри во ист стил. Таа до целта стигна во 27.31, пред Американката Беркоф и Французинката Пигра.