Србин сребрен на 50 метри, Украинецот Шеремет до златото

Српскиот пливач Андреј Барна освои сребрен медал на Европското првенство во пливање кое се одржува во Париз, откако на второто место во дисциплината 50 метри слободен стил и тоа со државен рекорд.

Барна имаше одличен старт и во текот на целата трка беше во борба за највисок пласман. Сепак, во самиот финиш Украинецот Никита Шеремет успеа да стигне до златниот медал со време од 21.13 секунди.

Зад него следуваше неизвесна битка за преостанатите места на подиумот. Андреј Барна и Русинот Јегор Корњев трката ја завршија со идентично време од 21.37 секунди, но српскиот пливач го освои среброто, додека Корњев се закити со бронзениот медал.