Швеѓанката Сјостром е уникат и непобедлива на 50 метри пеперутка

Шведската пливачка Сара Сјостром останува владетелка во дисциплината 50 метри пеперутка на Светските првенства (СП), откако победи и во Будимпешта.

Сјостром имаше нов феноменален настап и во финалето заврши со време 24.95 секунди. Зад неа беше Мелани Хенрик од Франција со време 25,31 секунди, додека третопласирана заврши Јуфеи Жанг од Кина.

Оваа пливачка од Шведска е уникат на Светските првенства, затоа што во оваа дисциплина го освојува златото на четврти светски настан во низа - 2015, 2017, 2019 и 2022 година.