Швеѓанката Сара Сјостром златна на 100 метри пеперутка со нов светски рекорд

Сара Сјостром од Шведска кон европската и светската титула ја придодаде и титулата олимписки шампион на 100 метри пеперутка на пливачкиот турнир во Рио Де Жанеиро.

Младата шведска пливачка исплива 55.48, што беше многу подобро од конкуренцијата и време на нов светски рекорд. Стариот кој исто така беше во нејзина сопственост е подобрен скоро за една секунда.

Сребрениот медал го освои Пени Олексијак од Канада (56.46), а бронзена Дана Волмер од САД (56.63).