ВИДЕО: Сензационално злато со светски рекорд на Унгарецот Милак!

Унгарскиот пливач Кристоф Милак го собори светскиот рекорд на 200 метри пеперутка на Светското првенство во Будимпешта.

Унгарецот  ја крена домашната публика на нозе, соборувајќи го рекордот кој за многумина изгледаше недостижно. Милак го освои златниот медал со време 1:50.34 минути, што е најдобро во историјата на оваа дисциплина. Французинот Леон Маршан го освои среброто, а бронзениот медал му припадна на Јапонецот Томору Хонда.

Олимпискиот шампион, американскиот пливач Роберт Финк, освои златен медал во трката на 800 метри слободно со време 7:39.36 минути. Среброто му припадна на Германецот Флоријан Велбрук (7:39.63), а бронзата заврши на градите на украинскиот пливач Михаил Романчук (7:40.05).

Светска шампионка на 200 метри слободно стана Кинеската Јанг Жонгсуан, која до денешното злато стигна за 1:54.92 минути. Среброто ѝ припадна на Австралијката Моли О'Калахан (1:55.22), а бронзата заврши кај Танг Мухан од Кина (1:56.25).