Рес дисквалификуван, Армстронг златен на 50 метри грбно

Американскиот пливач Хантер Армстронг освои златен медал на 50 метри грбно на Светското првенство во Будимпешта. Неговиот сонародник Џастин Рес прв стигна до целта, но беше дисквалификуван.

Армстронг стигна до златото со време од 24.14 секунди и со тоа стигна до третиот најблескав медал на овогодинешното Светско првенство. Покрај три злата, Армстронг освои и една бронза. Сребрениот медал го освои Полјакот Ксавиер Масиук со 35 десетинки заостанување зад Армстронг, додека до третото место стигна Италијанецот Томас Чекон со време 24.51 секунди.

Меѓу првите пет се најдоа Гркот Апостолос Христу и Романецот Роберт Глинта.