• Иван Димовски

Самер Мекинтош продолжува да блеска на домашен терен. Младата канадска пливачка постави нов светски рекорд на 200 метри мешано на државното првенство на Канада.
По рекордот на 400 метри слободно пред само неколку дена, 18-годишната пливачка повторно испиша историја. Трката ја заврши со време од 2:05.70 минути, со што за 42 стотинки го собори рекордот што девет години ѝ припаѓаше на славната Катинка Хошу.
Мекинтош потврди дека е во врвна форма и дека во моментов нема конкуренција во мешаните дисциплини.