• Зоран Мишевски
Се ближи денот кога ќе се разбранува Охридското езеро во една од најстарите спортски манифестации во нашата земја. Седумнаесет пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро.
Во машка конкуренција ќе настапат десет пливачи:
Александар Илиевски – Македонија
Леонид Мишевски – Македонија
Акуилес Балаудо – Аргентина
Матео Фурлан – Италија
Хуго Риберио – Португалија
Матиас Дијас Хернандес – Аргентина
Федерико Тамборино – Италија
Марко Инглима – Италија
Петар Цеков – Македонија
Лазар Поп Трајков – Македонија
Во женска конкуренција ќе настапат седум пливачки:
Елена Лионело – Италија
Росана Гошева – Македонија
Алисја Гедриш – Полска
Милица Љубисављевиќ – Србија
Ерика Абигал Јенсен – Аргентина
Еда Сајин – Турција
Мајте Ајлен Пука – Аргентина.