• Иван Димовски

На Светското првенство во пливање, кое се одржува во Будимпешта, финалните настапи во синхронизирано пливање можеа да имаат трагичен крај.
Имено, американската пливачка Анита Алварез се онесвести среде настап и потона во базенот во Будимпешта. Ситуацијата можеше да добие трагичен финиш, ама нејзината тренерка Андреа Фуентес скокна во водата и ја извлече на површината.
„Анита навистина се чувствува добро. Скокнав во водата и видов дека нема спасител, ниту било кој друг. Бев малку преплашена, бидејќи не дишеше“, изјави Фуентес.
Алварез ќе подлегне на дополнителни прегледи, во моментов е во стабилна состојба, а веројатно вакво нешто ѝ се случувало и во минатото. Нејзината мајка потврди дека Алварез има проблем и претходно губела свест, но тоа досега се случувало надвор од базенот.
Според најавите Анита Алварез веројатно ќе биде подготвена за финалниот настап во екипно натпреварување.



