Петар Цеков и Сара Јанковиќ победници на малиот пливачки маратон во Охрид

Петар Цеков во машка и Сара Јанковиќ во женска конкуренција се победници во категоријата до 16 години, на 46. издание на малиот охридски пливачки маратон, што традиционално се одржува на празникот Илинден во водите на Охридското Езеро.

Членот на од ПК Вардар 2018, Петар Цеков, патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја мина најбрзо со време 28.04.16 минути и победи пред Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 (29.30.02) и Теодор Тасевски исто така од ПК Вардар 2018 (35.10.12).

Кај девојките Сара Јанковиќ од ПК Скопје победи со време 30.44.12 минути и низ целта мина пред Росана Гошева од ПК Скопје (33.24.15) и Сара Атанасовска од ПК Нептун Скопје (34.26.12).

Во втората категорија пливачи од 8 до 15 години во машка конкуренција победи Александар Поповски од ПК Скопје, а кај девојките славеше Матеа Јанкоска од ПК Делфин Скопје.

Успешен организатор на малиот Илинденскиот пливачки маратон беше ПК Охридски бранови 2008 од Oхрид.