Пекинг домаќин на следното Светско првенство во пливачки спортови

Светската пливачка федерација (ФИНА) го одреди домаќинот и термините за следното издание на Светското првенство. Планетарниот собир во водени спортови ќе се одржи во Пекинг од 1 до 6 декември 2026 година.

Организаторот го потврди терминот на организација на настанот, а се очекуваат повеќе од 1.000 елитни спортисти, со што ќе се надмине рекордот за учество поставен во Будимпешта 2024 година.

Ова ќе биде третпат Кина да биде домаќин на овој настан, по претходните изданија во Шангај во 2006 и Хангжу во 2018 година.=