ВИДЕО: Панциера, Кодиа, Квадарела - Италијанците ги собраа златата на ЕП во пливање

Младата Италијанка, Маргарита Панциера е нова европска шампионка на 200 метри грбно, откако денес во водите на базенот во Глазгов ја победи конкуренцијата и низ целта влезе со време 2:06.18 минути.

Сребрениот медaл го освои Русинката Устинова, а Буриан од Унгарија се враќа од континенталниот собир со бронзен медал. 

Нејзиниот сонародник Пјеро Кодиа ја декласира конкуренцијата на 100 метри пеперутка и го освои првото свое злато од големите приредби. Тој до златото доплива со време 50.64 секунди. Мехди Метела од Франција е сребрен, а Џејмс Гај од Велика Британија го освои бронзениот медал.

Симона Квадарела го комплетираше феноменалното италијанско попладне и победи на 400 метри слободно во женска конкуренција. Таа делницата ја мина за 4:03.35 минути и го освои третиот медал во Глазгов. 

Сребреното одличје патува за Унгарија на градите на Ајна Кесели, а Холи Хибот од Велика Британија се враќа со бронза од континенталниот собир.