• Иван Димовски

Олимпискиот првак од Атина во 2004 година во пливање, Роланд Шуман, се најде на списокот и ќе биде дел од Светското првенство оваа година.
Во Фукуока ќе се одржи сорибор на најдобрите пливачи, а иако дотогаш ќе наполни 43 години, Шуман се најде во изборот на селекторот на Јужна Африка за овој собир. Тој ќе се натпреварува во категоријата 50 метри делфин.
Интересно е дека Шуман беше дел од планетарниот собир во истиот град во далечната 2001 година и освои бронза. Сега, ќе има шанса да докаже дека и натаму може да биде конкурентен.
Најголемиот успех на Шуман е дефинитивно златото од Игрите во Атина, тогаш беше победник во штафетата 4х100, освои сребро на 100 метри слободно и бронза на 50 метри. Се работи за трикратен светски првак, меѓутоа последното одличје го освои уште во 2010 година.