• Зоран Мишевски
На третиот ден од пливачките натпревари на Европското првенство во водени спортови во Париз, беа поделени медали во седум финални дисциплини.
Нa 100 метри слободен стил ново злато освои Давид Поповичи од Романија, со нов рекорд на првенствата (46.56 секунди. Нов европски првак на 200 метри грбно е Хуберт Кош од Унгарија, а на 800 метри слободен сти злато и нов европски рекорд понесе Јоханес Либман од Германија (7:37.59 минути)
На 50 метри пеперутка првак низ целта мина ветеранката Сара Сјостром од Шведска, а на 100 метри градно нова европска првенка е Ангхарад Еванс од Велика Британија, со нов рекорд на првенствата (1:04.87 минути).
Штафета 4х100 метри слободен стил на Холандијa (Ван Вајк, де Јонг, ван Калмтаут, Стенберген) со нов рекорд на првенствата (3:31.89 минути) доминантно доплива до златниот медал.