• Саше Љолес
Младиот македонски олимпиец, Никола Ѓуретановиќ, оствари одличен успех на Светското првенство во Будимпешта и постави нови рекорди со кои може да се гордее целата држава.
Ѓуретановиќ во дисциплината 400 метри слободно постави апсолутен рекорд на Македонија и нов младински рекорд со време од 3:56,32, соборувајќи го досегашниот најдобар резултат на Марко Блажевски за цели три секунди и 27 стотинки!
Неговиот тим го нарече Никола „вистински феномен“ и најавува поход кон нови историски резултати за македонското пливање. Младиот македонски пливач годинава дебитираше на Олимписките игри во Париз, а негова следна цел е пласман и успешен настап на престижниот собир кој за четири години ќе се одржи во Лос Анџелес.