Невреме го прекина Охридскиот пливачки маратон

Триесет и осмото издание на Охридскиот пливачки маратон официјално е прекинато, а организаторот информира дека причината за тоа е невремето кое го зафати тој регион.

Учесниците минаа повеќе од половина од 25 километарската патека и заради големата борба со брановите и ветрот на пливачите, организаторите беа принудени да ја прекинат трката.

Инаку на стартот на кај Свети Наум, утрово трката ја почнаа шеснаесет пливачи. Десет од нив беа во машка конкуренција, а шест во женска конкуренција. Учесниците доаѓаа од шест земји.