Нетан Адриан ја победи болеста и се враќа во базените по половина година

Петкратниот олимписки шампион во пливање, Американецот Нетан Адриан се враќа во базените по пауза од повеќе од шест месеци. Имено, популарниот пливач ја победи болеста и беше опериран откако му беше дијагностициран рак на тестисите.

На социјалните мрежи Адриан најави дека се враќа овој викенд и ќе плива на митингот во Блумингтон. Последен пат настапи на изборното првенство на САД во Гринзбороу на крајот од ноември минатата година.

Цел на Адриан е да се подготви за Олимписките игри во Токио во 2020 година.