Најдобриот пливач на денешницата се откажа од Светското првенство

Најдобриот пливач на денешницата, Калеб Дресел се повлече од Светското првенство кое се одржува во Будимпешта. 

Американецот има здравствени потешкотии кои ги потврдија и од тимот на Сoeдинетите Американски Држави. Така, по само четири дена асот си заминува од Унгарија и нема да се бори за повеќе медали. Дресел од хотелот замина со маска и капа, во надеж дека нема да го препознаат, меѓутоа веднаш беше воочено отсуството. 

На Светското првенство, Дресел дојде до златни медали во трките на 50 метри делфин и штафетата на Соединетите Американски Држави на 4x100 метри. Тој дојде во Будимпешта да се бори за осум најсјајни одличја, меѓутоа не успеа да опстане на турнирот. Неговото повлекување беше по квалификациите на 100 метри слободно, во кои заврши на второто место зад Давид Поповичи. 

Дресел досега не загубил индивидуална трка во финалињата. Досега четиринаесет пати беше светски првак, додека на Олимписките игри има седум златни медали.