Млада Канаѓанка освои злато и постави два рекорди на СП

Младата канадска сензација, Самер Мекинтош испиша два рекорди на Светското првенство во Будимпешта. 

Иако има само петнаесет години, Канаѓанката во Унгарија успеа да дојде до златниот медал на 200 метри во категоријата пеперутка, а потоа и бронза на штафетата 4x200 метри со Канада. 

Мекинтош постави два јуниорски рекодри, со време од 2:05.20 во конкуренцијата пеперутка на 200 метри, поправајќи го своето најдобро време. Потоа, со времето од 1:54.79 постави рекорд, и ѝ донесе предност од две секунди на својата селекција. Сепак, останатите Канаѓанки не беа на висина на задачата и завршија на третото место.