• Зоран Мишевски
Викендов ќе биде во знакот на пливањето и култниот Охридски маратон. 38-то издание ќе се одржи денес, стартот е во 10:00 часот во Св. Наум, а целта на Градското пристаниште во Охрид. Ќе учествуваат 16 пливачи и пливачки од шест земји.
На минатогодишната трка на триумфираа Бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и французинката Каролин Жуис во женска конкуренција.
Организатор на манифестацијата е ПК Охридски бранови 2008, а маратонот се одржува под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, Министерството за спорт, Општина Охрид и Пливачката асоцијација на Македонија.
Наградниот фонд изнесува 15 000 евра.