• Мартин Танасковски
За време на Светското првенство во Сингапур, легендарниот пливач Мајкл Фелпс, заедно со Рајан Локти и Роуди Гејнс, јавно го изразија своето незадоволство од Американската пливачка федерација, обвинувајќи ја за слаби настапи на репрезентацијата и недостаток на лидерство во организацијата.
Локти на социјалните мрежи објави фотографија од надгробен споменик со натпис „Американска пливачка федерација 1980–2025”, а Фелпс ја сподели објавата, придружувајќи ја со свој коментар за моменталната состојба во тимот.
Во своите изјави, Фелпс ја обвини федерацијата дека за време на неговата кариера не му пружила соодветна поддршка и дека бил третиран исклучиво како средство за резултати.
„Немам причина да слушам што имаат да кажат. Нивните врати за мене беа затворени со години. Додека пливав, ме третираа како парче месо“, истакна тој.
Федерацијата одговори со соопштение, изразувајќи жалење за моменталната состојба и наведувајќи дека организацијата сè уште нема постојан извршен директор.