Мајкл Фелпс доплива до 22. злато на 200 метри мешано

Мајкл Фелпс е нов олимписки победник на 200 метри мешано и од денес е првиот пливач во историјата со четири олимписки злата во една иста дисциплина. Ова е четврто злато за Фелпс во Рио, а вкупно 22. злато во колекцијата на Фелпс од 26 медали. 

Сребрениот медал го освои Јапонецот Косуке Хагино со огромнии 1.95 секунди послабо време од Фелпс, а бронзата му припадна на Кинезот Ванг Шун.

По златата на 200 метри пеперутка и во американските штафети на 4х100 и 4х200 метри слободно, сега Фелпс стана златен и на 200 метри мешано, а петто злато во Рио же брка на 100 метри слободно.