• Иван Димовски
Леон Маршан освои златен медал на трката на 400 метри мешовит стил на Светското првенство во Сингапур.
Французинот успеа да ја победи конкуренцијата и беше убедлив со резултат 4:04,73 минути. Ова беше петто најдобро време во историјата во оваа дисциплина.
На второто место заврши Томојуки Мацушита од Јапонија со сериозен заостанок од 3,59 секунди. Бронзата му припадна на Илија Бородин од Русија кој доцнеше 4,43 секунди.
За Маршан ова беше втор златен медал на Мундијалот, откако победи и на трката на 200 метри мешовит стил.
ФОТО/PHOTO: World Aquatics/Twitter