Крстевска и Цветковски со државни рекорди на митингот во Белград

Миа Крстевска на пливачки митинг

Миа Крстевска и Стефан Цветковски со нови рекорди се враќаат од традиционалниот пливачки митинг „11 април“, кој се одржа во Белград. 

Крстевска на трката во категоријата 200 метри грбно се закити со златниот медал, а воедно постави и нов државен рекорд со време од 2:21.33 минути. Оваа победа на Миа ѝ донесе и нови бодови во ФИНА (676).

Цветковски, пак, во финалето на 50 метри пеперутка го подобри државниот рекорд во кадетска конкуренција (28:18 секунди) и заврши на третата позиција, која му донесе 504 бода.