• Мартин Танасковски
Унгарскиот пливач Хуберт Кош го освои златниот медал во дисциплината 200 метри мешано на Европското првенство во Париз.
Кош до триумфот стигна со време од 1:54.24 минути, резултат кој претставува и нов рекорд на шампионатот.
Сребрениот медал му припадна на Шпанецот Уго Гонзалез де Оливеира, кој трката ја заврши за 1:54.44 минути, додека бронзата ја освои Русинот Михаил Шчербаков со време од 1:56.16 минути.