• Мартин Танасковски
Скопје беше домаќин на натпревар во пливање. Скопје Опен се одржа и оваа година, а впечатлив настап имаше македонскиот пливач Јован Јанковски, член на пливачкиот клуб Вардар.
Два државни рекорди урна македонскиот пливач. Првиот беше на 100 метри слободно, базенот го исплива за 49,24 секунди и го урна рекордот кој беше во сопственост на Марко Блажевски чие време беше 50,17 секунди.
Потоа, Јанковски постави и рекорд на 50 метри делфин со време 24,47, а старото време беше 24,50 секунди.
Јован Јанковски за овој настап беше прогласен за најдобар пливач на митингот, а исто така ја исполни и нормата за Европското првенство во мали базени во Полска на 100 метри слободно.