Италијанското пливачко чудо постави светски рекорд на ЕП!

Сара Куртис исплива трка за паметење на Европското пливачко првенство во Париз. Италијанската пливачка постави нов светски рекорд на 50 метри грбно и се пласира во финалето.

Куртис во втората полуфинална група триумфираше со време од 26,63 секунди, со што за повеќе од две десетинки го подобри дотогашниот светски рекорд на Австралијката Кејли Мекиоун од 26,86 секунди, поставен во октомври 2023 година.

Италијанката убедливо ја освои својата полуфинална трка, а зад неа заврши Алина Гаифутдинова со одлични 26,91 секунди. Тоа време исто така е побрзо од претходниот европски рекорд на Кертис од 27,07 секунди, поставен во јуни.

Куртис во финалето влезе со убедливо најдобро време и е прва фаворитка за златниот медал на 50 метри грбно.