Илиевски и Костандиновска победници на Купот во далечинско пливање одржан на езерото Младост

Седмиот Куп во далечинско пливање, се одржа во неделата на езерото Младост, во скромен обем, помал број учесници и на пократка патека, заради пандемијата на ковид-19.

За севкупни победници по повеќето испливани категории по возраст, Пливачката федерација ги прогласи Александар Илиевски, член на пливачкиот клуб Нептун од Скопје и Јана Костандиновска исто така од пливачки клуб Нептун. 

Севкупниот победник, по четирите одржани Куп-натпревари во далечинско пливање (Крушевско, Охридско, Мавровско и езерото Младост), ќе биде познат подоцна, а признанието на победникот ќе му биде врачено во Скопје.  

Организатор на маратонот беше Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28", финансиски поддржано од Општина Велес.