Харис, Меилутит и Колешников победници на трките на 50 метри на СП

Денес на Светското првенство во Сингапур се доделија медалите на најкратките делници на 50 метри. 

Претставничката на Австралија, Мег Харис се закити со прв златен медал во поединечна конкуренција. Австралијката успеа да ја победи конкуренцијата на најкратката делница на 50 метри слободен стил. Харис зад себе ги остави Чингфен Ву и Чен Јуџиј. 

Светската титула си ја одбрани Рута Меилутит победувајќи на трката на 50 метри градно. Второпласирана беше кинеската пливачка Танг, а бронзена Пилато од Италија. 

Со нов рекорд на светските шампионати до злато стигна Климент Колешников на трката на 50 метри грбно. Тој забележа време од 23,68 секунди оставајќи ги зад себе Мусенко и Коетце.

ФОТО/PHOTO: World Aquatics/Twitter