• Саше Љолес
Грчкиот пливач Апостолос Христу го освои златниот медал во дисциплината 100 метри грбно на Европското првенство кое се одржува во Париз.
Натпреварувачот од нашиот јужен сосед стигна до европската титула со најдобро време од 52,57 секунди.
Сребрениот медал му припадна на Италијанецот Томас Чекон, додека бронзата ја освои Русинот Павел Самушенко.