• Иван Димовски
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ постави личен рекорд во квалификациите на 200 метри слободен стил на Европското првенство во пливачки спортови во Париз.
Ѓуретановиќ заврши на шестото место во својата квалификациска група во која имаше десет пливачи. Тој постави време од 1:52,59 минути, со што го подобри досегашниот најдобар резултат во кариерата на оваа дистанца од 1:52,86. Со тоа тој не обезбеди место во полуфиналето каде што од 90 пливачи одат оние 16 со најдобро време. Според времето Ѓуретановиќ има 70. пласман во оваа конкуренција.
За македонскиот пливач следен предизвик на шампионатот ќе биде настапот на 400 метри слободен стил. Квалификациските трки во оваа дисциплина се закажани за недела, 16 август, со почеток од 09:30 часот.
Ѓуретановиќ е единствениот македонски пливач кој настапува на Европското првенство во Париз.