• Мартин Танасковски
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го заврши настапот на Европското првенство во пливање во Париз, каде беше единствениот претставник на Македонија.
Младиот пливач денеска се натпреваруваше во квалификациите на 400 метри слободен стил. Настапувајќи во втората квалификациска група, Ѓуретановиќ го освои четвртото место со време од 4:04.05 минути, резултат кој беше за речиси седум секунди послаб од неговото лично најдобро остварување. Во вкупниот пласман македонскиот репрезентативец го зазеде 30. место меѓу 45 натпреварувачи.
Претходно на шампионатот, Ѓуретановиќ настапи и во квалификациите на 200 метри слободен стил, каде исплива извонредна трка и постави нов македонски рекорд. Со тој резултат го урна речиси три децении стариот национален рекорд кој беше во сопственост на легендарниот Александар Маленко.
Иако не успеа да избори пласман во следната фаза од натпреварувањето, настапот во Париз ќе остане запаметен по новиот државен рекорд на 200 метри слободно