• Горан Упале
Франција има нов пливачки херој, откако Лион Маршан во една вечер освои два златни медали на Летните олимписки игри во Париз.
Францускиот ас по триумфот на 200 метри делфин, вечерва беше доминантен и на 200 метри градно и со тоа го освои третото олимписко злато на овие игри. Маршан трката ја заврши со време од 02:05.85 што е олимписки рекорд и второ најдобро време во историјата во оваа категорија.
Сребрениот медал ќе сјае на градите на Стаблери-Кук од Австралија, додека на третото место заврши натпреварувачот од Холандија Корбу.