Европски рекорд на Палтриниери, САД рекордери на Мундијалот со 44 медали!

На последниот ден од пливачките натпреварувања на Светскиот шампионат во водени спортови поставен европски и рекорд на првенствата.

Во финалната трка на 1.500 метри слободно, триумфираше Италијанецот, Грегорио Палтриниери кој на целта пристигна со време од 14:32.80 минути и за секунда и 24 стоти дела го подобро сопствениот европски рекорд.

15-годишната Канаѓанка, Самер Мекинтош прва мина низ целта на 400 метри мешано и по вторпат на првенството се искачи на највисокото место на подиумот.

Пливачите од САД на шампионатот во Будимпешта освоија вкупно 44 медали што е историски рекорд, а на последниот ден покрај двете злата освоија уште по две сребра и бронзи.