Евгениј Поп Ацев победник во Капри, Стефановски на делба на шампионскатa титула

Македонскиот пливач маратонец Евгениј Поп Ацев е победник на последниот маратон во сезоната од Светската гран-при серија, откако славеше во водите на Капри кај Неапол во Италија.

Македонија има двојна причина за задоволство, откако на врвот по крајот на сезоната се најде и Томи Стефановски, кој по денешното шесто место во Капри сега има ист број на бодови со Стокино, со што ќе ја поделат светската шампионска титула.

Поп Ацев кој минатата сезона стана шампион, сезонава ќе се задоволи само со третата позиција со оглед на тоа што остана без бодови на Охридскиот маратон, по промашената контролна точка, поради организационен пропуст.