Екс-олимписки првак потврди учество на „Игрите на допингуваните“

Американскиот пливач Коди Милер е деветтиот спортист кој го потврди учеството на таканаречените „Игрите на допингуваните“, кои во мај следната година ќе се одржат во Лас Вегас.

Станува збор за натпреварување на кое учесниците нема да бидат подложени на строги допинг контроли и ќе можат да користат недозволени супстанци без ризик од санкции.

Милер е вториот олимписки шампион кој прифати настап, по Бен Прауд, актуелен олимписки првак и светски вицешампион на 50 метри слободно. Американецот златото го освои во штафетата 4x100 мешано во Рио, заедно со Мајкл Фелпс, а има и бронза на 100 метри слободно, како и национални рекорди на 50, 100 и 200 метри краул.

Организаторите најавија награда од 1.000.000 долари за светски рекорд на 50 метри слободно и 250.000 долари за победа во која било друга индивидуална дисциплина, додека Светската антидопинг агенција ги оцени овие игри како опасен и неодговорен концепт. Настанот е финансиски поддржан од инвестициска фирма предводена од синот на американскиот претседател Доналд Трамп.