ВИДЕО: Доминантно злато на Волш, Катинка Хотцу само седмопласирана

Алекс Волш, актуелната олимписка вицешампионка е нова светска првенка, откако вечерва победи во трката на 200 метри мешано. Таа во финалето постигна резултат 2:07.13 минути. Среброто го освои Австралијката Кејли Мекјуан (2:08.57), додека бронзата ѝ припадна на другата Американка Леа Хејс (2:08.91). Хејс постави и нов светски рекорд за јуниори во оваа дисциплина.

Четирикратната последователна светска шампионка на 200 метри мешано, унгарската пливачка Катинка Хотцу го освои седмото место.

На 100 метри пеперутка златото го освои Американката Тори Хаск, која делницата ја исплива за 55.64 секунди. Французинката Мари Вател стигна до среброто со време од 56.14 секунди, а бронзата ја освои Кинезот Жан Жуфеј (56.41).